Грејпфрутот ја контролира телесната тежина

0

Грејпфрут е овошје кое не е меѓу омилените да се јаде свежо. Тоа е заради горчливиот вкус кој го има ако не ја отстраните во целост кората.

Истражувањето спроведено на Универзитетот на Калифорнија сугерира дека пиењето сок од грејпфрут го отежнува насобирањето вишок килограми. Во експериментите спроведени врз глувци чија исхрана имала висок процент на масти, се покажало дека внесот на сок од грејпфрут наместо вода било поврзано со побавно темпо на зголемување на телесната маса.

Освен тоа, сокот од грејпфрут бил поврзан и со подобро метаболичко здравје, вклучувајќи подобра контрола на концентрација на шеќерот во крвта, како и поголема чувствителност на делувањето на инсулинот. Животните кои добивале сок од грејпфрут наместо вода имале помало ниво на триглицериди во црниот дроб и покрај големиот внес на масти.

Исто така, сокот од цеден грејпфрут одличен извор на ликопен и фосфор.
Консумирањето на грејпфрут го забрзува метаболизмот, го регулира нивото на шеќер во крвта, помага при замор, зголемена температура и уринарни проблеми.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.