„Green Book“ доби Оскар за најдобар филм

0

Вчера се одржа церемонија за доделување на најпрестижната филмска награда Оскар.

Оскарот за најзначајната категорија – Најдобар филм му припадна на филмот  „Green Book“. До самото прогласување, фаворит беше „Roma“ на  Алфонсо Куарон, но златната статуетка сепак замина кај  Peter Farrelly. Инаку, „Roma“ доби Оскар за најдобар режисер.

„Bohemian Rhapsody“ доби најмногу Оскари синоќа, вкупно четири, меѓу кои и онаа за Најдобар актер во главна улога, која му припадна на Рами Малек за улогата на Фреди Меркјури во овој биографски филм за рок-групата „Квин“. Британската актерка Оливија Колман го доби првиот Оскар во кариерата за улогата во филмот „The Favourite“ и ја шармираше публиката присутна синоќа на гала-вечерта со нејзиниот емотивен и шармантен говор.

Помеѓу победниците на вечерта беше и Лејди Гага, која го доби Оскарот за Најдобра оригинална песна за „Shallow“ од филмот „A Star is Born“, а освен тоа успеа одново да ја воодушеви публиката со нејзината изведба на песната, заедно со Бредли Купер.

Наградата за Најдобар анимиран филм му припадна на „Spider-man: Into the Spider-Verse“, а Marvel успеаја да стигнат до уште три Оскари, благодарение на „Black Panther“.

Преземено од Кајгана.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.