Грч во желудникот пред да влезете во канцеларија? Проблем се колегите, не работата

0

Грч во желудник и нозете како сами да се враќаат два чекори назад кога пристигате на работното место? Лоша вест: Да, имате сериозен проблем на работа. Помалку лоша вест: Не сте единствени.

Конкуренцијата на работа е се поголема, бројот на работни места ограничен, отказите се секојдневие. Многумина ќе се послужат со неприфатливи методи како би ги дискредитирале своите колеги во професионалната арена. Па некако, станувате жртва на мобинг.

Како би ја спасиле својата кариера и здравје…

Се повеќе вработените се жалат на односот на нивните колеги, па стручњаците додаваат дека денес е вистинска реткост да се пронајде здрава работна атмосфера.

Најчесто, расправиите почнуваат заради нивните лични интереси. На пример, кога деновите испланирани за годишен одмор изненадно ќе ги побара за слободни колегата кој инаку и нема никакви планови за тој период.

Послужувањето со туѓа храна од фрижидерот е на второ место по нервоза. Не ретко колегите знаат да стигнат до вашиот оброк и без прашање да го присвојат. Има ли нешто понервозно од ова?

Паузите на колегите кои траат до бесконечност се исто така една од причините поради кои не ви се оди на работа. Кога најмногу ви е потребно да излезете на воздух, вашиот колега излегува по појадок и не се враќа во следните два часа. Па уште и таа негова задоволна насмевка кога ќе се врати…

Една британска студија дојде до резултати дека секој петти вработен не е во добар однос со колегите, а 30 проценти од нив се изјасниле дека колегите со кои го дели работниот простор, особено го нервираат.

Како најчести причини за ова се наведуваат шефот и неговиот однос, зависта и стравот од губењето на работата.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.