Гратче со четриесетина жители – вистински рај за душа

0

Мон Сен Мишел е мало гратче кое се наоѓа на карпест остров на еден километар од северниот брег на Франција, во устието на реката Куеснон во регионот Долна Нормандија.

Изградбата е започната дури во далечната 709 година. Во 1874, Мон Сен Мишел е прогласен за историски споменик и е под заштита на УНЕСКО. Неговата популација брои околу 41 жител од кои повеќето се свештеници.

1222f109-80d7-490b-a3ed-7afed429f4ad

Неговото настанување се поврзува со легендата која вели дека Архангел Михаил му се појавил на бишопот Аберт велејќи му да изгради манастир на карпа. Тој пак, константно го игнорирал ова негово привидение сe додека Михаил не му ја изгорел главата со својот прст. Тоа било моментот кога се решило да се изгради овој прекрасен град.

„Ремек дело на природата, што стои помеѓу земјата и небото, меѓу континент и океан, каде што плимата и осеката се менуваат толку брзо како галопирачки коњ” – вака Виктор Иго го опиша овој извонреден град со восхитувачка римска архитектура.

Доколку некогаш патот ве водин токму кон Франција, не заборавајте да го посетите Мон Сен Мишел и да уживајте во рајските глетки кои ги полнат очите и ја радуваат душата.

de4a243f-3c56-4d8a-880b-48b359ff2263a9d5b0e0-176b-4dda-8a6e-3bbe0985d43f

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.