Грандиозни градби кои говорат за најголемите љубови

0

Љубовта е најсилната движечка сила за секое битие. Веројатно, сите љубовни песни и стихови, драми и ромaни, слики и фотографии досега создадени се само мал oбид да раскажеме за љубовта. А, замислете постојат и градби кои сведочат за љубовта ширум светот, изградени во чест на љубените, во чест на оние кои не го имаат срцето… Благодарение на нив, светската архитектура има неколку чуда со едноставен наслов „љубов“.

Мавзолејот Таџ Махал, Индија

таџ махал

Владетелот Џахан Шах ја дал наредбата да се изгради овој величествен споменик на љубовта во чест на својата прерано почината жена Мумтаз Махал во градот Агри, во индиската сојузна држава Утар Предеш. Овој симбол на љубовта се смета и за врвно остварување во исламската уметност, односно претставува комбинација од елементи на персиските и индиските архитектонски стилови. Од 1983 година, оваа градба се наоѓа на листата на УНЕСКО како светско наследство.

Замокот Болд, Њујорк

bold zamok

Изграден е во 1900 од Џорџ Болд, богат хотелиер, кој сакал да изгради симбол на неговата безгранична љубов кон сопругата, Луси. Неколку години откако изградбата започнала, Луси ненајдено починала. Болд, разочаран заминал од островот на кој се градел замокот и никогаш повеќе не се вратил. Замокот сѐ до 1977 бил обична рушевина, кога и официјално бил реконструиран.

Палатата Кели, Малезија

keli palata

Вилијам Кели Смит посакал да и оддаде почит на својата сопруга и да го прослави раѓањето на својот прв син, па во малезиската држава Перак одлучил да изгради грандиозна палата. Големиот љубител на индиската култура и архитектура, одлучил целата палата да ја уреди во тој стил, па секоја цигла ја донел од таа голема земја. За жал, неговата прерана смрт го спречила во завршувањето на градбата на оваа палата, која денес сведочи како уште еден прекрасен симбол на една голема љубов.

Палатата Мирабел, Австрија

mirabel

Австрискиот надбискуп Волф Дитрих вон Рајтен на својата сакана љубовница Салома Алт и мајка на дури 15 негови деца, ја изградил оваа прекрасна палата и ги уредил градините околу неа во 1606 година во Салцбург. Оттогаш палатата доживеала бројни реновации, но и ден денес е исклучително посетена туристичка атракција.

Манастирот „SweetHeart Abbey”,  Шкотска

swwet heart abbie

Овој манастир во непосредна близина на градот Дамфрис во Шкотска е основан во 1275 година од страна на Лејди Дерворгил од Галовеј, во знак на сеќавање на сопругот Џон де Балиола. Богатата романтичарка ја оплакувала смртта на својот сакан сопруг и го чувала неговото балсамирано срце, со кое била и закопана во 1290 година.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.