Градови во кои уметноста дише

0

Џорџ Бернард Шо рекол дека без уметноста, реалноста би го направила светот неподнослив. Следните пет градови не само што ја слават уметноста , туку се и места каде таа го доживува својот највисок врв.

Париз

files (1)

Париз е град кој има апсолутно сé:најдобри ресторани за гурманите,најромантични места за вљубените, но и брјни музеи,галериии квартови во кои твореле најголемите уметници на 18от,19от и 20от век. Лувр, со својата колекција во која влегуваат дела на Леонардо, Микеланџело,Ботичели, Гоја и Матис, е неизбежна дестинација. Музејот „Музее дел Оранжери“ е веднаш до Лувр и е дом на најпознатите дела на Моне. Место кое никако не смее да се пропушти е и галеријата „Ла Мезон Руж“, близу Бастилја, каде  сите познати авангардисти ги изложуваат своите провокативни дела.

Виена

files (3)

Австриската убавица, како што ја нарекуваат Виена, е град со интензивна и активна уметничка сцена. Едно од најпознатите уметнички дела „Бакнеж“ на Густав Климт, е дел од постојаната поставка во музејот сместен во палатата Белведер.Покрај делата на Климт, во палатата е изложен раскошен мебел во барок стил кој му припаѓал на царското семејство на Австро-Унгарија.

Музејот „Кунст Хаус Виен“ е посебен симбол на Виена; неговата необична фасада која потсетува на куќички од глина привлекува безброј туристи во текот на целата година.Не заборавајте на музичката понуда на градот-свратете задолжително во „Стејт Опера Хаус“ на концерт.

Фиренца

files (5)

Можеби не толку грандиозна или еклектична како Париз или Виена, Фиренца е бисер на ренесансата. Со колекција на дела од Ботичели и Микеланџело, галеријата „Уфици“ е една од најпознатите во светот. Фиренца е дом на семејството Медичи, едни од најголемите заштитници на уметноста;капелата на Медичи содржи бројни ремек-дела на ренесансната уметност.

Берлин

files (7)

По рушењето на Берлинскиот ѕид, градот стана магнет за уметници од целиот свет. Таму постојано се оддржуваат работилници и дебати на тема на уметноста во многубројните галерии и уметнички институти.Берлин е дом на импресивни “street style” (уличен стил) уметници кои ги изложуваат своите дела на “East Side Gallery”,најдолгата галерија на отворено и најголем мурал на светот, а сместена на остатоците од Берлинскиот ѕид.Овој дел на градот е задолжителен за посета,на само заради уметничките дела, туку и заради неговото културно-политичко значење.

Њујорк

files (8)

Топ триото на музеи ги опфаќа Музејот на Модерна уметност, МЕТ и Витни Музејот на Американска уметност.Внимавајте на буџетот-музеите и галериите имаат невообичаено скапи влезници.Од многубројните галерии вредни за посета-не пропуштајте ги „Гагосиан“ и „Дејвид Звирнер“-двете најдобри.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот