Градот под Шара – Тетово

0

Тетово, градот со своја историја која бележи живот во Полошката котлина уште пред 8000 години. За тој период сведочат целосно сочуваните парчиња на грнчарија, жртвеници, стаутетки посветени на женскиот култ кои пронајдени кај село Долно Палчиште во 1987/88 година и под село Тумба кај село Стенче во 2000 година. Овој град има и свои историски обележја како Бектешкото теќе Арабати-баба, претставува еден од најзначајните објекти од овој вид на Балканот. Арабати-баба теќе се наоѓа на периферијата на Тетово во непосредна близина на станицата од патничката жичарница Тетово – Попова Шапка .

Тетовското кале се наоѓа на врвот на Балтепе, веднаш над Тетово. Тоа е изградено во 1820 год. од страна на Абдурахман Паша. Овој културен објект претставува една ретка убавина од минатото. Внатрешниот дел има 5 сараи, големи кујни, бањи, еден бунар на средина и 3 тунели за излез.

Тетовско_Кале_(47)

Домот на културата е уште едно тетовско обележје.  Денеска Тетово го краси објектот кој подигнат на темелите на Чарши-џамијата, а изграден во 1975 година. Каде се случуваат сите културни активности на градот.

10614222_4696348862855_6748357616519996738_n

Шарена џамија пак е дел од комплекс на објекти од исламската култура како средиште на верското културното и духовното живеење во градот. Тоа се верски објект- еднокуполна џамија со полигонално минаре, чешма, турбе, амам и беговите конаци, каде џамијата го завзема централното место. Нема некои пишани податоци за тоа кога џамијата е изградена, но во тетовското семејство Палоши е сочувано едно предание според кое џамијата ја изградила Хуршиде Хатун околу 1566 година.

10649980_4700095916529_3193659921342679249_n

Но, Тетово има и свои лични приказни, случки и спомени зачувани и прераскажани од неговите жители. Во разговор со 74-годишниот Диме, кој е од Тетово, дознавме за животот на младите во 60-тите години, како се дружиле, каде излегувале…

Имаше едно корзо и се шеташе таму. Ние со другарите два-тројца на број, одевме нагоре-надолу по корзото и загледувавме девојки. Тие срамежливо не погледнуваа и се смешкаа. Ако бендисавме некоја од нив, ќе соберевме храбост да ја викнеме да прошета со нас на корзото или ако сака да седне на сладолед или колаче во слаткарницата близу корзото. Имаше многу девојки за бендисување, а ние со другарите млади, со нетрпение чекавме да се стемни и да се сретнеме на корзото. Тогаш немаше места за кафиња и алкохол како денес, ама беше едно многу убаво време, без проблеми и убав живот “ – вели тој за спомените од младоста.

Денеска во Тетово животот е сменет, од минатото нема многу траги, освен во сеќавањата на жителите. Но, она што не е сменето е нивниот позитивен дух, пријателството,желбата за забава и ноќни случувања. Тетовчани сакаат и знаат да се забавуваат на клупски свирки, рок музика, а за посебна почит е традицијата за маскембалот за Б’дник(Бадник). Нивната креативност во создавање на маските, а воедно и нивната посветеност е воодушевувачка.

Затоа, доколку одамна не сте го посетиле Тетово, сторете го тоа следниот пат кога ќе бидете на мисла каде да прошетате низ Македонија, а градот под преубавата Шар Планина е идеална дестинација.

12650616_10153887478144710_292310400_nbadnik-tetovo-2015

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.