Говорот на телото помеѓу партнерите открива многу за нивната врска

0

Само еден гест може да открие многу за врската или однесувањето на партнерите, а понекогаш тоа дури може и да ја предвиди нивната иднина.

Токму со ова се занимава д-р Лилиан Стак. Таа е автор на документарниот филм „Body Language Decoded “ и најпродаваната книга “Тој вели – таа вели”.

Според неа, не треба да бидете мастер по психологијата за да го разберете тоа самите.
Oбратите внимание на следните детали, ако сакате да станете професионалец за говор на телото помеѓу партнерите, а воедно и да дознате нешто повеќе за односот помеѓу вас и вашиот парнер.
1. Држење за раце
Ако телата на двајцата партнери се свртени еден кон друг и нивните раце се испреплетени, тоа укажува на нивната желба да бидат поблиску еден до друг. Всушност, “рака под рака” контактот открива длабока врска меѓу нив. Ако ги видите овие знаци на телото, бидете сигурни дека овие луѓе имаат многу силна емоционална врска.


2. „Тој е мој“ гестикулација
Раката поставена на торзото или градите на партнерот укажува на чувства на посесивост. Како по правило, оваа гестикулација начисто ја користат жените. Нивното цело тело вели: “Тој е мој”. Ова е суптилна порака кои ја испраќаат до сите ривали.


3. Взаемна грижа
Ако телото на жената е свртено кон партнерот, тоа значи дека таа сака да биде што е можно поблиску до него. Партнерот стои исправено до неа, со раката на нејзината половина. Нивните раце се лесно поставени. Тој не се обидува да ја контролира и таа не му се спротивставува.
Ова се знаци на взаемна грижа и добра сексуална врска.


4. Силна поврзаност
Оваа гестикулација е честа помеѓу партнерите кои се навикнати да прават сè заедно уште многу одамна. Тие се познаваат добро и се задоволни, а позицијата на нозете и телата го вели токму тоа. Приврзаните раце докажуваат дека двојката има силна, длабока врска.
Во таквите двојки, секогаш има лидер и следбеник. Оној што ја става раката одозгора најчесто доминира.


5. Сопственик
Кога мажот ја држи цврсто жена за подлактица, овој знак покажува дека ја “поседува”. Тој сака да ја „покажува“, да ја контролира и се обидува да ја држи во негова непосредна близина. Дали тоа и се допаѓа? Се разбира, не. Нејзиниот колк се поместува на страна, а нејзините раце се вкрстени. Таа очигледно не е задоволна со овој гест.


6. Истомисленици
Сите сте ја виделе позицијата кога една жена седи во скутот на партнерот. Ова е најживописниот знак за добар сексуален живот. Исто така може да значи дека таа зависи од него, главно затоа што сака да биде на овој начин.
Опуштени раце и интимно наклонета глава укажуваат на 2 истомисленици кои веруваат едни на други.


7. Кој е главен?
Запомнете дека држењето на рацете во џебовите речиси секогаш значи дека се чувствувате вознемирено и малку засрамено. Ако некој го прави тоа, тоа значи дека тој не е лидер во врската.
Погледнете ја жената. Таа стои пред човекот и е насмевната. Нејзините нозе се позиционирани на начин да заземат повеќе простор. Овој говор на телото ни покажува дека станува збор за самоуверена личност. Таа е шеф во оваа врска.


8. Популарни луѓе
Луѓето кои сакаат да бидат во центарот на вниманието имаат специфичен став на телото, и тој е многу самоуверен. Мажот цврсто ја држи жената, а таа знае како да стои за да изгледа одлично.
Оваа гестикулација исто така може да биде и знак на новоформираната врска.


9. Приврзани
Таа ја држи раката на неговото рамо, а тој ја држи околу нејзината половина. Овој гест значи тие се многу поврзани еден со друг. Тие се еднакви во нивната врска: нема лидер и нема следбеник.
Тие се заедно долго време и секогаш можат да се потпрат еден на друг.


10. „Фалбаџии“
Многу често, мажот ја поставува раката ниско на нејзината половина. На прв поглед, ова личи на сексуален гест, но тоа е всушност знак на пренмногу заштитничко однесување. Тој сака на им покаже на сите дека таа му припаѓа нему и дека се многу блиски.


11. Залепени еден до друг
Со оваа поставеност на рацете, мажот покажува дека длабоко се грижа за неговата жена и го нагласува фактот дека тој може да ја заштити. Во овој случај, и двајцата се движат ”пети-до-пети” и се залепени еден до друг, што значи дека тие се меѓусебно фокусирани и посветени, заборавајќи на сè друго. Ова се знаци на добро избалансиран однос со взаемна грижа и разбирање.


12. Заштитник
Класичен гест, кога што жената ја држи раката на нејзиниот партнер, кој значи дека таа зависи од него и се чувствува заштитена. Човекот обично стои пред жената. Тој доминира во нивната врска и покажува дека таа може да се потпре на него.


13. Алфа мажјак
Кога мажот (понекогаш и жената) ја крева една нога додека седи, тој покажува дека има голема самодоверба. Моќните луѓе што донесуваат одлуки често ја избираат оваа позиција. Тие не се потпираат на мислење на партнерот.
Погледнете ја жената. Само горниот дел од нејзиниот торзо е наклонет. Нејзините раце и нозе се вкрстени, покажувајќи дека се чувствува напнато и неудобно покрај него.

Извор: brightside.me

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.