Господарот на селфи фотографиите

0

Ален Диксон е фотограф од Ирска кој очигледно многу лесно се спријателува со сите животни што ќе ги „запознае“. Овие селфи фотографии се доказ за тоа.

Само, неговото хоби не е воопшто лесно, бидејќи животните, за разлика од луѓето не сакаат да позираат, да гледаат во апаратот, да стојат мирни кога ќе речете „насмевкааааа“!

„За една добра селфи фотографија со нив ми требаат меѓу пет минути и три часа. Секогаш зависи од животното и од тоа колку лесно можам да ја стекнам неговата доверба. Фотографиите никогаш не покажуваат колку сум извалкан додека лежам на земја, колку храна имам покрај себе за животните. Ама, резултатот вреди!“

Ален има и мал совет за сите што сакаат да сликаат селфи фотографии со животни.

„Не ги провоцирајте животните. Бидете мирни и обидете се да ја стекнете нивната доверба. Ама, најважно од сè – не се обидувајте да направите селфи фотка со крокодил или со лав.“

179605-funny-animal-selfies-allan-dixon-13-880-a542d8629a-1478517753 179105-funny-animal-selfies-allan-dixon-11-880-a542d8629a-1478517753 179355-selfie-master-dr-dolittle-29-880-a542d8629a-1478517753 179205-funny-animal-selfies-allan-dixon-19-880-a542d8629a-1478517753 179405-funny-animal-selfies-allan-dixon-3-880-a542d8629a-1478517753 179505-funny-animal-selfies-allan-dixon-23-880-a542d8629a-1478517753 178955-funny-animal-selfies-allan-dixon-16-880-a542d8629a-1478517753 179005-funny-animal-selfies-allan-dixon-18-880-a542d8629a-1478517753 179155-funny-animal-selfies-allan-dixon-10-880-a542d8629a-1478517753 179255-funny-animal-selfies-allan-dixon-21-880-a542d8629a-1478517753 179455-funny-animal-selfies-allan-dixon-261-880-a542d8629a-1478517753 179305-selfie-master-dr-dolittle-28-880-a542d8629a-1478517753

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.