Горан Пандев еден од најзаслужните за победата на Џенова

0

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев одигра квалитетен меч за Џенова во Купот на Италија и беше еден од најзаслужните што оваа екипа излезе како победник во дуелот со Перуџа.

Прволигашот на „Луиџи Ферарис“ славеше со 4-3 по продолжението, а нашиот Пандев беше автор на два прекрасни голови во 37 и 100 минута.

-Имавме одлично прво полувреме, во вториот дел Перуџа ни направи проблеми и ни даде два гола. За среќа добро се снајдовме во екстра времето. Ние заслужено одиме понатаму, создадовме многу шанси за погодок. Имам добри односи со групата и тренерот и среќен сум што му помогнав на тимот. Кога победувате не е важно кој дал гол, битна е екипата. Секако дека ќе бидам среќен ако дадам гол и во лигата. Веќе се фокусираме на дуелот со Кјево во Верона, ќе биде тешкo и треба добро да се подготвиме, -рече нашиот Пандев.

Извор: derbi.mk

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.