Гугл го осудија за нарушување на правата на милиони корисници

0

Федералниот суд на Чикаго одлучи дека пребарувачот Гугл (Google) го нарушува интегритетот на личниот живот на милиони корисници на мрежата преку собирање и чување на биометриски податоци.

Судијата Едмонд Чанг, повикувајќи се на одредбите од законодавството на државата Илионис, установи дека сега, за секое користење на приватни фотографии без согласност од корисниците, корпорацијата ќе плаќа казна од еден до пет илјади долари. «Доколку Гугл едноставно само би ги чувал снимките без мерење и скенирање на геометријата на лицата, тогаш не би имало никакво нарушување на законот», рекол Чанг.

Тој ги отфрли аргументите на претставниците на корпорацијата кои тврдеа дека законот на државата му противречи на Уставот на САД, а Гугл не може да определи точно каде била направена фотографијата: во Илиноис или во некоја друга држава. Претставниците на тужителите како одговор на тоа изјавија дека согласно законите, вработените во интернет-компаниите мораат да го прекинат користењето на програмскиот софтвер за скенирање на геометријата на лица од фотографиите закачени на Гугл.

Американските медиуми одбележуваат дека одлуката на Чанг претставува судски преседан и сега корисниците можат да го користат ова решение во понатамошните судски процеси.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот