Голема заинтересираност на два дена до отворање на Есенски Дома Саем: Аутлет цените привлечни за граѓаните

0

Остануваат уште само два дена до почетокот на саемот кој што ќе го одбележи почетокот на есента во Скопје. Доколку дома реновирате, преуредувате, сакате да ги освежите вашиот дом или пак градите, тогаш Есенски ДОМА Саем е местото каде можете да најдете сè за домот, по намалени аутлет цени. Имено, од 23-ти септември до 2-ри октомври на Скопски Саем 4-та година по ред ќе се одржи есенскиот саем кој ќе понуди големи намалувања на парчиња мебел во 3 саемски хали.

Оваа недела добивме навистина голем број на прашања поврзани со Есенски ДОМА саем. Можам да потврдам дека станува збор за аутлет саем кој ќе понуди сè за домот, а посетителите ќе можат да уживаат во големите намалувања на нашите изложувачи. Десетдневното траење на саемот овозможува луѓето и повеќе пати да дојдат на саемот и да го одберат своето омилено парче модерен мебел или пак некоја опрема за домаќинството со што комплетно ќе можат да го уредат или пак да го реновираат својот дом.

Оваа година добивме навистина одлични критики и позитивен фидбек по Саемот за Мебел кој го сруши рекордот по посетеност. Од тука знаеме дека граѓаните се интересираат за саемите каде се продава мебел и останати работи за домот и поради тоа решивме Есенски ДОМА Саем да трае 10 дена“, изјави Сања Кондарко, оперативен директор на проект во Скопски саем.

За истакнување е фактот дека влезот на саемот ќе биде бесплатен, а неговото работно време ќе биде од 10:00-20:00 часот.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот