Го побара вашиот број и… не ви се јавува

0

Решавате да излезете. И токму на таа забава го запознавате интересен, симпатичен, забавен  тип, а и тој веројатно го мисли истото за вас зашто цела вечер пробува да ве насмее. Водена од тие импулси на крајот на вечерта му го давате  бројот на својот мобилен .

И нетрпеливо очекувате да ви се јави, а него го нема…  

Се прашувате за што станува збор?! Вие да побаравте нечиј телефонски број сигурно ќе се јавевте. А овој пат тој вам ви го побара бројот, не му се наметнавте вие. Зошто тогаш не ви се јавува? Во каков „филм“ е влезен?

Ако ја отфрлиме можноста дека го изгубил  бројот (можеби по грешка го избришал од телефонот или не го стиснал копчето „меморирај“ откако го запишал), постојат уште неколку можности. Една е дека тој бил во алкохолизирана состојба кога ви го побарал бројот, па кога се отрезнил не може ни да се сети која сте вие или не е сигурен дека вие ќе се сетите на него (ако вие сте биле во алкохолизирана состојба кога сте му го кажувале бројот). Ако се плаши дека нема да се сетите на него, може едноставно да реши да не ви се јавува, полесно е да се обиде да ја заборави целата работа.

А можеби ви го побарал бројот само за да си го нахрани егото. Има мажи кои сметаат дека е успех тоа што зеле број од некоја жена и со тоа се фалат во друштвото, без оглед дали таа жена навистина ги интересира или не.

Уште една можност е да забележал дека сте заинтересирана за него, но тој не бил заинтересиран за вас. Постојат мажи кои сметаат дека идеален начин да се заврши еден разговор во кој веќе не сакаат да учествуваат е да го побараат телефонскиот број – таа ќе смета дека му оставила добар впечаток, а тој нема да испадне некултурен ако само си замине. Таквите мажи немаат храброст отворено да ѝ го кажат на жената тоа што го мислат, особено кога немаат никаков интерес.

Без оглед која и да е причината, нема причина многу да се заморувате околу тоа. Ако тој ви го побарал бројот на телефон, а потоа со денови не ви се јавил, постои само една паметна работа која можете да ја направите – заборавете го!

При објавување на  материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.