Global Ivent, ексклузивен промотор на странски пива во Македонија

0

Global Ivent е компанија која постoи од 2013 година, чија главна дејност е дистрибуција и продажба на пиво. Првата соработка е направена со Radeberger групацијата, бренд кој под своите закрила има многу други видови пиво кои се нивно производство.

Само во Македонија, присутни се 5 видови: Radeberger пивото, Dab, пченичните пива Shofferhofer, Heffe, Dukel, Kristal и Radler.

“Уште од самиот почеток, принципот на работа на компанијата беше следен: клиентот кој ќе направи нарачка, истата да му биде доставена за 20 минути, каде и да биде во Скопје, а доколку станува збор за надвор од градот, во тој случај рокот на испорака беше еден час во поблиските градови. Принцип и правило по кои се уште се раководиме” – вели Ѓорѓи Станкоски, сопственикот на компанијата.

logo

“Тоа што морам да го напоменам е дека уште на самиот почеток имав голема помош од мојот драг пријател Љупчо Илиоски, поддршка која и денес е присутна.” – вели Станкоски.

После една година од постоењето, компанијата полека почнува се шири и да воведува нови брендови, тргнувајќи од престолнината на пивото, Чешка.

“После една година од почетокот на работата, по разговор со чешкиот промотор во Македонија и на заедничка иницијатива стапив во контакт со чешката пивара Konrad. На тој начин ја формиравме соработката со оваа престижна пивара. Инаку Кonrad е единствена пивара во Чешка, што произведува пиво без ГМО.

KONRAD-Eso-Marzen__1468586871_77.29.53.154

Оваа година склучивме договор AB Event, тоа  е најголемата корпорација за пиво на светско ниво. Во моментов тие поседуваат приближно 3000-4000 брендови пиво низ светот, односно фарбрики за производство на пиво.

Брендот кој е нов во нашата понуда е белгиското Leffe пиво, кое го има на македонскиот пазар веќе 10-15 години” – продолжува Станкоски.

13394130_997959106965966_2662617976345095955_n

Во план е да се направи база на сите брендови на компанијата Global Ivent. Тоа значи дека на едно место ќе можат да се најдат сите, да се нарачаат и да се купат.

Веќе од септември, нов проект е на видик, пивница во која ќе се точат ексклузивно пивата Dab, Shofferhofer, Radeberger и чешкото Konrad темно пиво, кое оваа година е прогласено за најдобро пиво во Чешка.

Новитет ќе биде тоа што за првпат љубителите на пивото ќе можат да нарачаат точено пиво за дома.

13260080_985161204912423_3970434099338905228_n

Во план се и два нови бренда на пиво. Станува збор за е Hoegaarden, белгиско бело пиво со одличен вкус и Westheimer пивото кое наскоро ќе може да се проба и кај нас.

Сите вкусови на пива можат да се пробаат на штандот на Global Event на овогодинешниот “Пиволенд 2016” во Скопје.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

 

 

 

 

 

Остави коментар