Glam Glow во ново и блескаво издание

0

Glam Glow уште еднаш се надминува во однос на третманите за лице, односно маските кои имаат одличен ефект на кожата.

Овојпат Glam Glow во соработка со HASBRO ги носи забавните играчки од детството – MY LITTLE PONY.

Станува збор за лимитирана едиција на маски за лице со блескави нијанси.

Зачувани се сите придобивки од оригиналната GRAVITYMUD, сега надградени и дополнети со сјаен ефект.

Маските содржат соодветни комбинации на состојки како што се бел слез, исландски алги, глацијална глина и црвени алги. Ова е третман со кој се зацврстува кожата, ги дефинира нејзините контури по само една употреба.

Маската е peel-off , попрскана со светки, а дел од нив се во форма на ѕвезда. Изгледа забавно, блескаво и секој сака да се фотографира со неа. Инспирацијата е од малите коњчиња кои со текот на времето станаа дел од поп културата во светот.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.