Гинеколозите предупредуваат за најголемите женски проблеми

0

Секоја жена треба со многу внимание да се грижи за своето интимно здраје. Тоа ќе биде полесно да се спроведе ако е во согласност со препораките од страна на гинеколозите:

Не се лечете сами

Во аптеките има средства за третман на вагинални инфекции кои можат да се купат без рецепт, а некои жени го користат “на своја рака” кога ќе забележат промени во бојата или чувствуваат чешање. Ова “лечење” никогаш не треба да го направите. Поточно, пред да користите било кави лекови, масти или домашни смеси, треба да се консултирате со гинеколог на преглед, за да се утврди точно како треба да се третира инфекцијата.

Бидете внимателни при изборот на долна облека

Танга или обични гаќички? На прашањето по изборот, експертите имаат различни мислења. Тесната долна облека може да ја надразни вагината, а постои и можност за пренос на бактерии од анусот. Најважно е тоа што секој ден ќе се заменуват гаќите, а важна е и правилната и честа хигиена.

Не си претставувајте дека силната менструација е нормална

Кога силниот менструален циклус трае повеќе од 5 дена, а тампонот или влошката ја менувате на секои 2 часа, тогаш бидете сигурни дека треба да му кажете на вашиот гинеколог. Некои жени имаат потешка и подолга менструација, што некогаш може да направи здравствен проблем.

Не кријте го болниот секс

Многу жени се уште премногу се срамат да зборуваат со гинекологот за проблемите во сексуалениот живот. Меѓутоа, ако еден од овие проблеми е болка, тогаш тоа нема може да се скрие бидејќи причината може да предизвика посериозни работи, како вагинални инфекции, ендометриоза или цисти.

Не верувајте се што ќе прочитате на интернет

Повеќето од нас се склони кон „гуглање” на сите симптоми кои ги забележуваме. Интернетот не е гинеколог и не може да врши инспекции кои се неопходни за да се утврди на проблемот. Дијагнозата не е поставена на интернет и секој симптом треба да се сфати сериозно за да го информирате вашиот гинеколог за тоа.

 

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот