Ги сакаме или не мажите како Баркли во „Сексот и градот“?

0

„Сексот и градот“ одамна има статус на култна серија. Кери, Миранда, Шарлот и Саманта и денеска се идоли на многу млади девојки.

Ама што е со момците што глумеа во серијата? Тука не мислиме на Ѕверката, на Стив, Хари или на Смит, ликови коишто траеја и ги засакавме на прво гледање. Што е со момците со коишто излегуваше Кери и беа тотални кретени, со љубовниците на Шарлот, со мажите кои Миранда не можеше да ги разбере, па дури и со оние што беа премногу чудни за Саманта (чекајте, постои такво нешто)?

Еден од тие ликови беше Баркли, а го глумеше денеска мега популарниот Габриел Мачт (Харви Спектар од серијата Suits). Се сеќавате ли на него? Баркли се појави во првата сезона, глумеше добар пријател на Кери (а не го видовме потоа). Тој отворено ѝ кажа дека снимањето манекенки му е фетиш и гласно го изнесе својот став – нивна работа е спијат наоколу.

Познавате ли вакви мажи, оние што ги деградиират жените, мажи што си земаат за право да ги искористат, да ги злопуотребат без нивна согласност? Колку пати сте посакале да ги „ставите на нивно место“, да им се развикате, да застанете во одбрана на вашите пријателки, на целиот женски род воопшто?

Признајте, сте добиле ли некогаш желба да им вратите со истата мерка само затоа што се нефер кон жените и да се „одмаздите“ во името на сите жени на овој свет?

Да не заборавиме, не се сите жени исти… Некои нема да му простат на Баркли. Други, како Саманта, ќе посакаат да го добијат истиот третман како манекенките, затоа што тоа ги возбудува.

Во која категорија спаѓате вие?

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.