Ги разбиваме митовите: 12 заблуди за здравјето во кои се уште веруваме

0

Колку чаши вода треба да испиеме дневно? Дали микробрановата предизвикува рак? Време е да престанете да верувате во се што ќе слушнете.

1.Чоколадото предизвикува акни

Научниците преку различни експерименти утврдија дека јадењето чоколадо не предизвикува акни ниту друг тип на нечистотии на лицето.

2.Студенилото предизвикува настинка

Неточно. Настинката ја предизвикува вирус, а причината е што во зима сме најчесто настинати не лежи во студенилото, туку во фактот дека почесто сме во затворени простории, па вирусите полесно преминуваат од еден човек на друг.Меѓутоа, студенилото кај некои луѓе може да го разбуди веќе постоечкиот вирус во нивното тело, против кој имунитетот би се изборил да останеле на топло и суво место.

3.Шеќерот од медот е поздрав отколку преработениот

Било природен или вештачки, шеќерот си е шеќер. Проблемот со купувањето слатки не е во тоа што содржат преработен или непреработен шеќер, туку во тоа што содржат големо количество шеќер и калории.

4.Кафениот шеќер е поздрав

Освен во бојата, речиси и да нема разлика меѓу белиот и кафениот шеќер. Основната состојка на двата типа шеќери е сахарозата – простиот шеќер, чија претерана употреба му штети на здравјето. И белиот и кафениот шеќер дебелеат во иста мерка. Кафениот има само малку повеќе хранливи состојки, но, и тоа во толку мали количества што тие практично и немаат значење за исхраната.

5.Мозокот на жената отапува во бременоста

Новите истражувања го покажуваат токму спротивното – дека жените во бременоста стануваат поорганизирани и подобро резонираат. Што е и логично, бидејќи се приморани да размислуваат за многу работи.

6.Слатките доведуваат до хиперактивност кај децата

Овој мит настана во 70-те години од минатиот век, но, никогаш не е докажан.

7.По едно јаболко на ден

Митот вели дека едно јаболко дневно е доволно да го заштити телото од разни болести. Иако ова овошје е преполно со витамин Ц, тоа не е доволно за борба со бактериите и вирусите кои демнат.

8.Вода

Без вода нема живот и хидратацијата е важна за здравјето. Меѓутоа, не постои точно одредено количество вода кое луѓето дневно треба да го внесат во себе. Вода треба да се пие често, кога ќе почувствувате жед, но, не мора, пак, да ги броите чашите.

9.Зелениот секрет е од бактериската инфекција, жолтиот од вирусна

Секретот од нос и од грло може да биде во различни нијанси и бои, зависно од видот и од сериозноста на инфекцијата. Наместо сами да носите заклучоци и да утврдувате дали е бактерија или вирус, најдобро е да го посетите докторот.

10.Вакцината предизвикува аутизам

Овој мит е заснован на едно истражување од 1992 година, чии тврдења подоцна многу пати беа побиени. Научниците велат дека нема врска меѓу вакцината против сипаници и аутизмот кај децата.

11.Микробрановата печка предизвикува рак

Некои типови радијација можат да предизвикаат рак, но, тоа не е онаа радијација што ја емитува микробрановата  печка.

12.Луѓето имаат пет сетила

Според традиционалното сфаќање, луѓето имаат пет сетила: вид, слух, мирис, вкус, допир. Меѓутоа, ги има многу повеќе, тука се на пример сетилото за рамнотежа, сетилото за термоцепција, сетилото за болка и чулото за проприоцепција.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.