GEOX со нова пролет/лето 2019 женска колекција со смели и интересни детали

0

Стилски изненадувања и софистицирана технологија за секојдневна елеганција во топлите денови кои доаѓаат.

Храбри форми, интересни детали, невообичаени комбинации и оригинална интерпретација на класиците се носечки во колекцијата на Geox за пролет/лето 2019. Брендот останува лојален на посветеноста кон високо развиена технологија, која овозможува чевлите да дишат, да бидат водоотпорни и удобни.

Дел од летните модели доаѓаат во форма на едноставни, рамни модели, додека пак дел се на повисока потпетица или полна пета. Поелегантите модели се во палетата на златна и сребрена, со ремчиња и детали кои им додаваат атрактивност на нозете.

Дел од моделите на класични патики, Небула, сандали со отворени прсти и балетанки се инспирирани од модата на 90-тите и на игрив начин со пастелни тонови и специфични принтови ја доловуваат женственоста на оваа декада.

Уникатни за сезоната се и хибридните модели на сандали/патики со впечатлива естетика изразена преку контрастни графички елементи во бело/црвена и црно/бела комбинација.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.