Генерациски јаз во брак: Дали партнерите на иста возраст се долго среќни заедно?

0

Соочени со финансиски кризи, партнерите кои се на исто годиште повеќе може да се снајдат, отколку оние со различни години. Што е поголема разликата, толку е поголема разликата во гледиштата на животните прашања.

Иако, многу често се говори за тоа дека годините немаат никакво значење кога се работи за вистинска љубов, сепак постои најнова студија која вели дека партнерите на иста возраст се многу подолго среќни во бракот.

Долгорочно, партнерите кои се со поголема разлика во годините, после некое време стануваат незадоволни едни од други. Најчесто жените и мажите, на почетокот се посреќни со партнер помлад од нив.

Една од професорките – Terra McKinnish, која е дел од тимот кој ја истражува оваа појава, вели дека мажите кои се во брак со помлади жени се најсреќни, додека оние со постари жени од нив се помалку среќни. Жените исто така се посебно незадоволни кога се во брак со постар маж од нив.

Но, после 6 до 10 години од бракот, работите значајно се менуваат.

Со текот на времето, оние кои се со значително постар партнер од нив, стануваат незадоволни од бракот, за разлика од оние кои се на иста возраст.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот