Гламурозната страна на Кејти Пери

0

Кејти Пери важи за девојка чиј стил го дефинираат како сладок и девојчински, но со појавата на amfAR Cinema Against AIDS Gala  која се одржа во Кан, таа докажа дека има многу повеќе во неа од изгледот на девојче.

profimedia-0285988733-507x790

Во друштво на Орландо Блум, таа изгледаше одлично во долгиот црвен фустан кој ја истакна заводливата страна, која светот не ја познава. Во фламенко стил, Кејти Пери го сврте вниманието на себе.

Веднаш по завршување на официјалниот дел, пејачката го промени стилот и се реши за нешто сосема поинакво, “space” издание.

34673AB600000578-0-image-a-66_1463737283114

Инаку Cinema Against AIDS Gala е настан кој се одржува секоја година со цел собирање финансиски средства за истражувачки програми кои работата на пронаоѓање на лек против сидата.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот