Фустани како од бајка во новата колекција на Шанел

0

Кога е модата во прашање, Карл Лагерфелд е вистински гениј од кого учат и кого го почитуваат голем број млади дизајнери. Дури и оние со искуство се поклонуваат пред модниот гуру со неверојатни идеи и чувство за стил.

Пред само неколку дена, посетителите на Модната недела во Париз, на ревијата на Шанел можеа да го видат најдоброто што може да ги спои овој великан на светската мода и модната куќа која е знак за престиж, стил и класика.

Ѕвезда на ревијата беше младата Лили Роуз Деп, ќерката на актерот Џони Деп, и најнова муза на Лагерфелд. Таа се појави во фустан во шеќерно розова боја, кој многумина го опишаа како фустан излезео од светот на бајките.

Погледнете ја галеријата и уверете се.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот