Фројд: Добра вежба е да се биде целосно искрен со себеси

0

Австрискиот невролог и основач на психоаналитичката школа за психологија Зигмунд Фројд е најпознат по неговите теории за несвесниот ум и механизмите за заштита од потиснување и по создавањето на клиничкото применување на психоанализата за лекување на психопатологијата со помош на разговор помеѓу пациентот и психоаналитичарот.

Фројд исто така го препознаваме и по неговото редефинирање на сексуалната желба како основна мотивациона енергија на човековиот живот, како и неговите терапевтски техники, во коишто спаѓа употребата на слободното здружување, неговата теорија на пренесување во терапевтските врски и толкувањето на соништата како внатрешни извори на несвесните желби. Тој исто така е еден од првите истражувачи од областа на неврологијата во церебралната патологија. Иако неговите дела знаат да бидат тешки за разбирање, но секогаш интересни за проучување, во текот на својата кариера Фројд кажал и неколку кратки вистини кои е добро да се знаат и кои ќе ве натераат да се замислите.

„Убавината нема очигледна примена; како ни било каква јасна културолошка потреба. А сепак, цивилизацијата не може без неа.“

„Не, нашата наука не е илузија. Но, би било илузија ако си мислите дека тоа што не може да ни го даде науката можеме да го добиеме на друго место.“

„Тој кој има очи да гледа и уши да слуша може да се убеди дека ниеден смртник не може да чува тајна. Ако усните му се замолчени, тој ќе каже со своите прсти: предавството излегува од секоја негова пора.“

„Неизразените чувства никогаш не умираат. Тие се закопани живи и ќе избијат подоцна, на погрд начин.“

„Времето поминато со мачките никогаш не е залудно.

„Добра вежба е да се биде целосно искрен со себеси.“

„Каде и да одам, наоѓам дека пред мене таму бил некој поет.“

„Од твоите ранливости ќе дојде твојата сила.“

„Каде оди мислата кога ќе се заборави?“

„Никогаш не сме побеспомошни кон страдањето како кога сакаме.“

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот