Фризерката на Кејт Мидлтон открива: Секој може да има фризура како Војвотката од Кембриџ!

0

Познатата фризерка веќе долго време е задолжена за фризурите во кралското семејство, познато за неа е дека се грижела за косата на принцовите Хари и Вилијам уште од нивните најмлади години.

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам беа на службенa четири дневна посета на Шведска и Норвешка, на која Војводката од Кембриџ го понесе и нејзиниот тим кој се се грижи за нејзиниот изглед во јавноста. Една од нив е и козметичарката Аманда Кук Такер, која ни ги открива производите кои ги користат за нега и стилизирање на Војвотката од Кембриџ.

На фотографијата подолу, може да го видите целиот сет фризерска опрема, која се состои од неколку метални и влакнести четки за фенирање, два фена за коса како и производи за освежување и стилизирање, фигаро со 3 различни дебелини кои се потребни за постигнување на совршени лoкни кои Војвотката Кејт Мидлтон сака да ги носи.

„ Се навикнавме да ја гледаме Кејт секогаш средена и гламурозна, а исто така е позната по нејзиниот беспрекорен изглед на коса”, изјавува таа.

Кружните четки за коса служат за да се постигне волумен и раскошни локни.

Металната четка е одлична за стилизирање на косата додека е сè уште влажна и е вистинска алатка со која треба да го започнете фенирањето, додека четките од природни влакна како и комбинираните четки служат за да ги изедначат и во исто време да дадат волумен на секоја локна посебно.

Со помош на палетата четки Аманда, успева да постигне големи и елегантни локни, додека малите четки служат за постигнување на помали и попрецизни локни, кои обично се користат за ги разиграат големите локни, како и за локните на предната страна на косата, покрај лицето.

Обичните четки се користат за расчешлување на локните веднаш кога ќе се утврди изгледот на целата коса, бидејќи со четкање на кадриците го постигнуваме ефектот на мазни, сјајни и изедначени локни како оние кои можеме да ги видиме на прекрасната Кејт. На крајот од секој виткање, неизбежно е да се нанесе лак за коса. По ова можеме да забележиме дека Војвотката не се служи со скапи производи за нега на коса.

Фигарото со различни дебелини исто така може да послужи за обликување на локните. Многу полесно можете да се справите користејќи фигаро, особено ако ја правите оваа фризура за себе, но во тој случај треба да знаете дека нема да го постигнете истиот волумен што ќе се постигне со помош на четки.
Фризерката на Војвотката го користи фигарото за да ги поправи кадрици во коренот или врвовите.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.