Фризер со плата од 10 илјади евра

0

Францускиот претседател Франсоа Оланд моментално се наоѓа на мета на медиумите поради платата што ја добива неговиот личен фризер…

Наводно гоподинот Оливие заработува повеќе од градоначалникот на Париз и тоа 10.000 евра месечно. Фризерот кој е идентифукуван од медиумот „Le Canard Enchaine“ наводно е ангажиран во исто време со доаѓањето на претседателот на претстолот. Неговиот договор е потпишан до април 2017 година, кога на Оланд му истекува мандатот.
luksuz-business-frizer (1)
Платата на стилистот може да се спореди со платите на многу министри, а и со самиот претседател кој годишно заработува 179 илијади евра.
Просечниот фризер има плата од околку 1.450 евра во Франција, па може слободно да кажеме дека неговата плата воопшто не наликува на вообичаената.

Еден член на моменталната влада рекол дека сите треба да имаат средени коси и дека токму овој фризер треба да ја напушти работата во салонот каде што работел и да им биде достапен 24 часа. Што можеби ја оправдува и високота цифра.

Сигуно е многу важно пратениците да имаат добра фризура, за толку добра плата 🙂

luksuz-business-frizer (4) luksuz-business-frizer (2) (1)

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар