Фрида Кало, Амелија Ерхарт и други историски жени ќе бидат Барби кукли

0

Компанијата која што ги произведува светски познатите кукли Барби во чест на Денот на жената, 8 – ми март произведе кукли со ликот на историски жени, жени кои го променија светот. Тие велат дека на тој начин даваат почит кон легендите од нашето време.
Децата низ целиот свет, наскоро ќе можат да си играат со Фрида Кало, Амелија Ерхарт или Кетрин Џонсон. Сите три направија промена во светот во своето време.
Амелија Ерхарт беше првата жена авијатичар која го прелета Атланскиот океан.

Фрида Кало e е позната по нејзиниот уникатен начин на сликање и по феминистичкиот активизам.

Кетрин Џонсон е жената која исто така помести многу граници за афроамериканските жени. Таа пресмета математички равенки и дузина траектории за НАСА, вклучувајќи го и познатиот лет на Аполо 11 кон Месечината во 1969 година.

Куклите се дел од новата серија на производство наречена „Жени кои инспирираат“. Компанијата се уште нема одредено датум за широка продажба, но од таму напоменуваат дека секоја кукла ќе се продава со дополнителни информации за жената која ја претставува и нејзините достигнувања, пишува Хафингтон Пост.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот

Остави коментар