Фрази кои треба да ги одбегнувате!

0

Доколку сакате да оставите впечаток дека сте личност со кредибилитет и влијание, треба да избегнувате одредени фрази во комуникацијата. Заменете го негативниот тон и еднобразните зборови со позитивен тон и литературни зборови. Комуницирањето е еден од најважните сегменти во Вашиот живот, без разлика дали се одвива во Вашиот приватен или професионален живот.

1. “Збунет/а сум”

Наместо да ја префрлувате одговорноста на другата личност, бидете отворени и кажете „Помогни ми да ја разберам твојата ситуација“

2. “Сфаќаш на што мислам?”

Не може да очекувате дека другите луѓе ги читаат Вашите мисли. Бидете јасни.

3. “Хм, ах, ух, па знаеш…

Внимавајте на прекумерната употреба на кратки зборови и доискажувајте се до крај.

4. “Бев многу зафатен/аилиПочнав да го пишувам е-меилот ама заборавив да го пратам”

Никој не ги сака изговорите. Наместо тоа извинете се и кажете дека до утре ќе биде завршено.

5. “Ти секогаш…”

Генерализациите не водат кон здрав дијалог. Бидете специфични и немојте да обвинувате.

6. “Мразам да го кажам ова, но…” или “Тој/таа е фин/а но…”

Доколку сакате да искритикувате некого, направете го тоа. Не се оградувајте од критика доколку мислите дека некој или нешто не вреди.

7. “Навистина?

Звучи како лелекање или жалење. Наместо тоа обидете се да дадете интересна забелешка.

ups2

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот