Фотографии од традиционални венчавки ширум светот

0

Дали сте знаеле дека не секаде во светот е традиција жените да носат венчаници во бела боја и дека не сите машки одела се сочинети од сако, панталони, кошула и кравата?

На пример младенците од Гана носат свадбена облека во силни бои додека мажите во Шкотска носат килтови, а Јапонците кимоно.

Во следниов текст ви претставуваме неколку фотографии од прекрасните свадбени фотографии направени ширум светот преку кои се запознаваме со нивната традиционална свадбена облека

Индија
Младенците во Индија најчесто носат црвена боја, која ги претствува Сонцето и Марс, планетата која овој народ ја поврзува со бракот. Индијците исто така веруваат дека овие симболи носат плодност и просперитет.

Јапонија
Жените тука носат бело кимоно кое се нарекува uchikake. Мажите носат кимоно hakama составено од плиш панталони, а горниот дел е сличен на хаори јакна.

Гана
Паровите во Гана често носат иста облека, направена од посебна ткаенина наречена kente, рачно изработена и украсена со силни бои.

Перу
На свадбената облека во Перу преовладуваат силните бои. Жените носат рачно ткаени сукњи наречени polleras, a мажите на главата носат специјално изработени шешири. И жените и мажите носат наметка или пончо.

Нигерија
Младенците во Нигерија често носат свадбени одела во иста боја. Невестата на глава носи замотан gele, а мажите капа наречена fila abeti aja.

Монголија
Величенственото руво во Монголија го носи името deel. Иако постои deel за секој ден, оваа облека се носи веќе векови наназад и е резервирана само за денот на венчавката и празници.

Норвешка
Иако младенците почесто се одлучуваат за модерната бела венчаница и класично одело, има и такви кои се уште сакаат да ја одржат традицијата на оваа земја и носат традиционална носија наречена bunads.

Сардинија
Во Сардинија, невестата со својот фустан ја имитира народната носија. Затоа, нејзината венчаница е внимателно извезена.

Шкотска
Шкотскиот обичај е младоженците да носат килтови, кошула, кравата и сако, а бидејќи немаат џебови, околу струкот носат торбица наречена sporran. Невестите носат бели фустани додека на главата носат тијара.

 

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот