Фотографии кои ги откриваат скриените бактерии на мобилниот телефон

0

Студенти на Универзитет во Велика Британија откриле кои бактерии се наоѓаат на нашите мобилни телефони. Пред да ја напишеме пораката или кренеме телефон, доаѓаме во допир со цела биолошка историја на претходните активности.

30573724286927e2f85c1384a04a151c

После три дена набљудување, дошле до загрижувачки резултати. За среќа, поголемиот број од пронајдените бактерии се безопасни по нашето здравје. Сепак, во невидливоста на апаратот се кријат и бактерии кои предизвикуваат инфекции. Тие се скриени зад бактериолошката флора која не може да се забележи со голо око.

Се смета дека 20 проценти од луѓето бактериите од телефон ги пренесуваат на носот, а на тој начин влегуваат и во организмот. Изворите на бактерии се многубројни: вода, земја, кашлица, сексуален контакт…

04bea649a38719362c6a16aa79e7beb0

Така што, телефонот не само што памети броеви и повикувачка листа, туку ја открива историјата на претходни активности на сопственикот преку бактериолошката постава.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.