FitUp: КАКО ДО УБАВО ОБЛИКУВАНИ И ЦВРСТИ ГРАДИ (ВТОР ДЕЛ)

0

Минатиот пат посветивме внимание на објаснување на мускулната група во која спаѓаат градите, видови на вежби и техники кои ќе ви помогнат полесно да стигнете до посакуваните цели. Денеска во продолжение ќе ви презентираме неколку вежби за гради кои можете да ги вметнувате во вашите секојдневни тренинзи:

ПРОПАЃАЊЕ НА РАЗБОЈ

Исправете го грбот, израмнете го трупот, свиткајте ги колениците и стапалата ставете ги зад вас. Спуштајте го телото додека не почувствувате благо истегнување. Полека вратете го телото кон почетната положба. Правете ја вежбата течно, со лесни и контролирани движења.

ВКРСТЕНО ПОВЛЕКУВАЊЕ

Фатете ја едната рачка од сајлата со левата рака, а потоа и другата. Застанете на средина и свиткајте го телото нанапред. Полека свиткајте ги рацете и лактите и спојте ги шаките пред градниот кош или колковите. Обидете се да ја насочите работата кон пределот на градите. Кога ќе дојдете до долниот дел, притиснете ги рачките една кон друга и направeте пауза.

ПОТИСОК СО ЕДНОРАЧНИ ТЕГОВИ НА РАМНА КЛУПА

Навалете се на клупата и доближете ги теговите кон себе во висина на градите. Кренете ги теговите во фиксна положба. Теговите држете ги над пределот на градите, а тие да ве допираат со крајниот дел додека дланките ви се свртени нанапред. Полека свиткајте ги рацете и спуштете ги теговите кон градите со контролирано движење. Теговите нека бидат од страна на вашите гради. Почнете да ги кревате теговите од страна во почетната положба. Немојте да ги тргате теговите од градите. Лактите нека ви бидат од надворешна страна, оддалечени од трупот.

ЗАМАВНУВАЊЕ СО ЕДНОРАЧНИ ТЕГОВИ

Седнете на работ на рамна клупа, земете два тега и наместете ги рацете нагоре.Поставете ги теговите на работ на колениците додека сте исправени. Прилагодете го телото на клупата додека рацете ви се потполно испружени под прав агол во однос на подот. Кренете ги теговите во фиксна положба. Држете ги над градите, а тие нека ве допираат додека дланките ви се свртени нанапред. Свиткајте ги рацете и спуштете ги двата тега кон градите со контролирано движење. Дланките нека бидат свртени кон градите. Вратете ги теговите во почетна положба. Лактите нека ви бидат од надворешна страна, оддалечени од трупот и нека останат во истата положба во текот на целото движење.

БЕНЧ ПРЕС

Легнете на клупата со нозете на подот. Фатете го тегот (со дланките нагоре) со растојание помеѓу палците околу 90см. Проверете дали е врамнотежен стисокот на двете страни на телото. Кога ќе се почувствувате цврсто, стиснете ги рамениците надолу и во внатрешноста на клупата. Кренете ја шипката од носачите и исправете ги лактите. Спуштете го тегот до градите, без нагло спуштање. Додека го спуштате тегот внимавајте да бидете стабилни и да не го наведнувате тегот до градите. Полека допрете ги градите и повторно кренете го тегот.

Подготвил: Даниел Данн

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.