Фитнес тајните на Џејсон Статам

0

Уште од почетокот на својата кариера па се до денес, Џејсон Статам не престанува да ги фасцинира сите со својата глума, но пред се со својата физичка појава.
Ова се некои од неговите тајни рецепти за да дојдете до тело како што е неговото.

Елиминирајте ја можноста за потенцијални повреди
Поради видот на улогите кои ги толкува, од голема важност е да биде во одлична форма, но при вежбањето тој голем дел од времето посветува на тоа да се заштити од потенцијални повреди.
“Колку посилен и помоќен ќе станете, толку подлабок траг ќе оставите во она што го работите. А со текот на времето стекнувате рутина и искуство“, вели Статам.

statam

Личниот тренер му помага да биде во одлична форма
Џејсон има личен тренер, поранешен припадник на Американските специјални единици, за кого вели дека е вистинска машина.
“Морав да увидам каде грешам, поготово во поглед на максималните тежини кои ги дигав. Н почетокот почнав со тренинзи за мобилност, а потоа морав да совладам одредени техники кои помагаат за елиминирање на повреди“.

statam 2

Потребен е баланс помеѓу тренингот и одморот
Многу драгоцени совети има дониено од прочуениот крос-фит тренер, Кели Старет, кого го смета за еден од најпаметните луѓе кои ги има запознаено, и кој му помогнал да го најде потребниот баланс.
“Во својата гаража имав направено теретана во која правев најразлични тренинзи, од вежби за мобилност, до тренинг боречки вештини, па се до вежби за снага и кондиција“.

statam 3

Пред секој тренинг пие еспресо
Тој верува дека е неопходно да го слушате вашето тело. Има навика пред секој тренинг да испие едно еспресо, како би ја подигнал будноста на своето тело.
“Најважно е тренингот да не ви здосади. Затоа е неопходно цело време да внесувате некакви новини. Нашето тело е паметно, и многу брзо се адаптира на работите кои ги повторуваме. Јас преферирам олимписко дигање на тегови, односно вежби како што се, мртво дигање, и чучњеви.
“Мора пред се да се достигне потребната мобилност на телото, бидејќи овие вежби се многу тешки и многу лесно може да дојде до повреда“, вели Статам.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот