Фитнес и мода: 7 девојки кои морате да ги заследите на Инстаграм!

0

Ако спаѓате во оние кои мислат дека е невозможна мисија напорно да тренирате и да изгледате добро – тогаш се залажувате!

Да, модата и фитнесот и те како одат рака под рака, а во тоа ќе се уверите од овие неколку девојки кои ви ги претставуваме во продолжение.

Заследете ги на Инстаграм и бидете инспирирани од нивниот начин на живот и изглед.

Natalie Uhling
@natalieuhling

Ако ве привлекуваат објави кои кокетираат со модата и фитнесот тогаш заследете ја Натали. Таа има повеќе од 65.000 следачи на Инстаграм, живее во Њујорк, танцува и обожава кик-бокс.

Cat Meffan
@catmeffan

Таа живее во Лондон, а нејзиниот Инстаграм профил е совршен спој од патувањата ширум светот и јога. Во слободно време таа дизајнира накит, инструкторка е по јога, а себеси се смета како Travel блогерка. Има повеќе од 80.000 следачи на Инстаграм.

Adrianne Ho
@adrianneho


Mодел кој на одличен начин ги спојува модата, фитнесот и здравиот начин на исхрана, а се тоа во комбинација претставува одлична инспирација за нејзините фанови и 659.000 следачи на нејзиниот Инстаграм профил. Taa живее и работи во Лос Анџелес.

Bianca Cheah-Chalmers
@biancamaycheah

Пред се модел, но и инструкторка по јога. Оваа убава австралијанка живее и работи во Лос Анџелес, а на Инстаграм има над 169.000 следачи.

Fredrika Akander
@fakander

Швеѓанка која живее во Австралија. Има околу 96.000 следачи на Инстаграм, работи како креативен директор и јога инструктор.

Caitlin Turner
@gypsetgoddess

Caitlin може да се пофали со повеќе од 366.000 следачи на нејзиниот профил. Освен тоа што таа е инструкторка по јога, таа е и инфлуенсер. Па, доколку сакате да ги видите нејзините фотографии и видеа од јога вежби снимени на најкул локации ширум светот, фрлете поглед на нејзиниот профил.

Tully Humphrey
@tullylou

Креативна директорка и дизајнерка на брендот за спортска облека – Tully Lou.
Оваа австралијанка живее и работи во Лос Анџелес и ја следат околу 58.000 луѓе. Ако сте во потрага по фитнес – стилска облека за секојдневни комбинации – заследете го нејзиниот профил.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.