Fit Up: МУСКУЛИТЕ РАСТАТ ВО КРЕВЕТ

0

Сигурно веднаш си помисливте на некој магичен пијалак кој ќе го согорува вишокот калории и ќе го зголеми растот на мускулите наместо вас. Сепак не сте далеку од вистината. Магија постои, а таа се состои во вистинската комбинација на вежби и исхрана пред да легнете да спиете.

Забрзаниот начин на живот, недостатокот на сон, неправилната и нездрава исхрана се само дел од работите кои му штетат на вашето тело. За да му помогнете, единствената опција е  да му дозволите да се одмори. Спиењето е многу важно, како за обнова на мускулите така и за губењето на килограмите. Со цел подобро да се опуштите пред спиење, потребно е да правите одредени вежби кои ќе ви помогнат, а воедно и ќе ги активираат вашите мускули да согоруваат повеќе калории дури и во текот на ноќта.

Ü Fit UP: СЕГА Е СОВРШЕН МОМЕНТ ЗА НОВ ПОЧЕТОК (читај тука)

Кога станува збор за одмор на телото, треба да се посветите на неколку сегменти. Траењето и видот на одморот, и потребата на телото. Најчесто се вели дека за време на тренингот не градиме мускулна маса туку потоа, за време на одморот…

Додека сте во теретаната, односно додека ги изведувате вежбите, вие всушност ги атрофирате мускулите, поточно ги кинете мускулните влакна со што им давате задача за време на одморот тие да се обноват во уште поголем број. Затоа од особено значење за време на тренинзите е да давате максимум од себе. Се разбира, максимумот не значи да претерувате со тежини, туку да ја усогласите вашата издржливост со максималната сила за дадениот тренинг, за да имате прогрес.

Grand Plaza (http://tccgrandplaza.com/fitness-spa/)

Типот на тренинзи и колку често ќе ги имате е индивидуална работа, и најмногу зависи од тоа што сакате да постигнете, колку сте мотивирани и се разбира, колкава е вашата издржливост. Под ефектен тренинг се подразбира оној тренинг во кој сте вложиле максимален напор, веднаш потоа добро сте го нахраниле телото и сте му овозможиле добар одмор за да биде подготвено за наредниот тренинг.

Времетраењето е исто така индивидуално, но околу еден час, час и половина е идеално време, бидејќи сепак за правилно да се изведуваат вежбите потребна е и добра концентрација. Од осум до десет часа сон е идеално време за да му овозможите на вашето тело да се регенерира и да биде подготвено за наредните тренинзи.

Fit UP: НА ПРВ ТРЕНИНГ СО АЊА ВЕТЕРОВА (прочитај тука)

Вежбите со тежина се оние кои помагаат телото да согорува многу поголем број калории, но сепак најдобро е кога имате комбинација со кардио вежби. За оние кои и не се толку активни и кои не се во можност да креваат големи тежини, добро е покрај класичните кардио вежби да изведуваат и вежби со сопствена тежина (на пример, склекови).

Телото ослободува најголем бран хормони за растење во текот на РЕМ фазата од спиењето. За да придонесете во изградбата на поголемите мускули, потребно е да имате доволна количина протеини што вашето тело ќе може да ги искористи.

Подготви:Даниел Данн
Fit UP (https://www.facebook.com/up.com.mk)

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.