Филмски маратон со Вуди Ален (видео)

0

Вуди Ален (роден како Ален Стјуарт Кенигсберг, на 1 декември 1935 година) е американски актер, писател, режисер, комичар и драматург, чија кариера трае повеќе од 50 години.

Тој работел како пишувач на комедии во 1950те, пишувајќи смешки и сценарија, а исто така објавил и неколку кратки хумористични книги. Во раните 1960те, Ален започнал да настапува како стенд-ап комичар. Во 2004, Comedy Central го рангирал Ален на четвртото место на списокот на најдобри 100 комичари, додека пак анкета во Обединетото Кралсво го рангирала Ален како трет најдобар комичар.

До средината на шеесеттите години Ален пишувал и режирал главно комедии на фарси, пред да се премести на драмски материјали под влијание на европската уметничка кинематографија воседумдесеттите години, за во денешно време наизменично да работи на комедии и драми.  Филмскиот критичар Роџер Иберт го опишал Ален како „богатсво на кинематографијата“.

Иако е најпознат по филмот Vicky, Christina, Barcelona, тој има уште неколку одлични филмови кои ви препорачуваме да ги погледнете.

Midnight in Paris

Оние кои сакаат добри љубовни приказни ќе бидат воодушевени од овој филм во кој играат Овен Вилс, Рејчел Мекадамс и Карла Бруни во главните улоги.

Blue Jasmine

Дејствието на филмот се игра во Сан Франциско и Њујорк, а главните улоги ги толкуваат Алек Болдвин, Кејт Бланшет, Луј Си Кеј, Ендрју Дајс Клеј, Сали Хокинг, и Питер Сарсгард.

Magic in the Moonlight

Во 2013, во прекрасната Ница, Франција, Ален ја снимил романтичната комедија Магија на месечината, чие дејствие се случува во дваесеттите години на минатиот век на Азурниот брег, а главните улоги ги толкуваат Колин Фирт и Ема Стоун.

You will meet a tall dark stranger

Филмот е снимен во Лондон во јули 2009 година а главните улоги ги играат Антонио Бандерас, Џош Бролин, Ентони Хопкинс, Анупам Кхер, Фрида Пинто и Наоми Вотс.

Irrational Man

Од јули до август 2014, Ален ја режирал мисериозната драма Ирационалниот човек во Њупорт, Род Ајленд, со Жоакин Феникс, Ема Стоун, Паркер Поузи и Џејми Блекли во главните улоги.


При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

 

Остави коментар