Филмовите на Мерил Стрип кои мора да се изгледаат

0

Мерил Стрип се смета за една од најталентираните и најпочитувани актерки во модерната ера. Стрип била номинирана 18 пати за Филмската Награда Оскар на Академијата на САД, од кои, три пати ја освоила, и се здобила со 25 номинации за Златен Глобус, од кои освоила седум, со што станала единствената актерка која се здобила со најголем број номинации во историјата на оваа манифестација.

Еве ги филмовите со Мерил Стрип кои мора да ги гледате или да ги изгледате уште еднаш за да ја доживеете нејзината харизма и да сфатите што навистина значи да се соживееш со дадената улога.

The Deer Hunter, 1978

Тројца пријатели кои се заглавени во вртлогот на Виетнамската војна. Филм кој мора да се гледа.

Kramer Vs Kramer, 1979

Иако играше споредна улога во овој филм, сепак Стрип блескаше. Улогата на Џоан Крамер и го донесе првиот Оскар во нејзината кариера.

Sophie’s Choice, 1982

Улогата во овој филм на мистериозна жена од Полска која се мачи да сокрие страшна тајна и го донесе вториот Оскар.

The Bridges Of Madison Country, 1995

Безвременска приказна за жена од рурална средина која се заљубува во фотограф кој обожава да патува. Самата Стрип има изјавено дека овој филм и бил најтежок за работа, но и најдраг.

One True Thing, 1998

Кога ќе го гледате овој филм, ќе ја сфатите актерската моќ на Мерил Стрип и Вилијам Харт кои одлично ги оживуваат своите улоги. Овој филм на Стрип и донесе номинација за Оскар.

The Hours, 2002

Фантастична филм базиран на фантастичната книга на Мајкл Канингам со фантастичната Мерил Стрип во главна улога.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот