Филмови кои треба да ги погледнете овој месец

0

Март е месец кога се очекуваат многу филмски премиери. Дел од филмовите кои ќе ги прочитате во продолжение како препорака веќе беа првпат прикажани на филмските фестивали низ светот, а дел од нив имаат закажан датум во март кога целиот свет ќе може да ги погледне и да ужива во нив.

p03l4z3f

“Batman v Superman: Dawn of Justice” е еден од најочекуваните стриповски филмови со двајцата супер херои – Бетмен и Супермен под една режисерска палка – Зак Снајдер. Премиерата е закажана за 25 март. Во главните улоги се Хенри Кавил, Бен Афлек, Ејми Адамс, Џес Еисенберг, Дајан Лејн, Лоренс Фишбурн, Џереми Ајронс, Холи Хантер и Гал Гадот.

p03l4yx1

The Program” е британско-француска продукција, биографска драма за Ленс Армстронг во режија на Стивен Фриарсом, а во главните улоги се Бен Фостер како Армстронг и Крис О’Доуд како Дејвис Волш.

p03l4y7d

“Truth” e американска политичка докумeнтарна драма во режија на Џејмс Вандербилт. Базирана е на животот на американската новинарка и телевизиски продуцент Мери Мејпс. Во главната улога е оскаровската Кејт Бланчет како Мејпс и Роберт Редфорд во улога на Ратер.

p03l4ytk

“The Witch” – Филмот е од жанрот хорор, режијата е на Роберт Егерс и претставува негово деби. Премиерата беше изминатиот месец, а филмот беше награден за најдобра режија на Санденс фестивалот.

p03l4z20

“Knight of Cups” е експериментален филм во режија на Теренс Малик. Главните улоги ги имаат Кристијан Беил, Кејт Бланчет, Антонио Бандерас, Брајан Денехи, Фрида Пинто, Имоџен Потс, Изабела Лукас, Тереса Палмер и Вес Бентли. Филмот првпат беше прикажан на 65 издание на филмскиот фестивал во Берлин минатата година, а официјалната премиера е закажана за 4 март оваа година.

p03l4yly

“10 Cloverfield Lane” – Официјалната премиера е закажана за 11 март, а станува збор за научно фантастичен трилер и режисерско деби на Ден Трачтенберг. Во главните улоги се Мери Елизабет Винстед, Џон Гудман и Џон Галагер Јуниор.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот