Филмови кои мора да ги изгледате

0

Студените, зимски ноќи се совршени за да се испружите во креветот, под топло ќебе и да ги поминете наредните неколку часа во филмски маратон.

Одбравме за секого по нешто, трилер, акција, романси, но и анимирани филмови во кои ќе уживате во друштво на вашите најмали и најмили.

The Legent of Tarzan
Филм кој мора да го изгледате! Тарзан, прилагоден на животот во Лондон, е повикан да се врати во неговиот поранешен дом во џунглата за да ги истражува активностите во рударски логор.


Me Before You
Љубовна драма направена според истоимената книга. Приказна за девојка која се заљубува во човек кој после сообраќајна несреќа останува инвалид, а тоа му ја одзело желбата за живот. Но, неговиот живот ќе се промени откако ќе ја запознае Лу. Во главната улога ќе ја гледате одличната Емилија Кларк.


Finding Dory
Омилената заборавна риба Дори од филмот Барајќи го Немо се обидува да се сети на своето семејство и да го пронајде. Во тоа ќе и помогнат Немо и неговиот татко.

The BFG
Најновиот филм на Disney во режија на Steven Spielberg. Девојче по име Софи се соочува со голем дружељубив џин, кој иако изгледа заштрашувачки има добра душа и е отфрлен од своите другите џинови.

Central Intelligence
Акциската супер ѕвезда Двејн Џонсон и комичарот Кевин Харт играат заедно во акциската комедија Тајна служба. Двејн Џонсон е таен ЦИА агент и бара помош од неговиот другар за истражување на специфичен случај.

Backtrack
Откако ќе открие чудна тајна за неговите пациенти во животот на психологот Питер Бовер ќе започнат големи немири. Ризикувајќи ја својата свест, Питер ќе се врати во неговото минато за да открие страшна тајна која само тој може да ја поправи.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

 

Остави коментар