Филмот „Три дена во септември“ со три награди во Берлин

0

Филмот „Три дена во септември“ на режисерот Даријан Пејовски ја освои наградата за најдобар филм на фестивалот  SEE à Berlin. Главната награда ја доделува меѓународно жири составено од филмски професионалци.

Покрај тоа награди доделува и меѓународно жири составено од млади лица од различни професии. Ова жири, за „Три дена во септември“ ги додели наградата за најдобра режија на Даријан Пејовски и наградата за најдобра женска улога на Камка Тоциновски која ја толкува улогата на Марика во овој филм.

По Берлин фестивалот на кинематографиите на Југоисточна Европа се сели во Париз каде што до 5 јуни ќе може да го види и француската публика. Таму, „Три дена во септември“ ќе биде прикажан на 3 јуни во Тheatre Le Palace.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот