Филмот „Ослободување на Скопје” е кандидат за Оскар

0

Филмот „Ослободување на Скопје” кој е во режија на Раде Шербеџија и неговиот син Данило е избран за македонски кандидат за Оскар од неанглиско говорно подрачје, соопшти Друштвото на филмските работници на Македонија.

Филмот е избран со мнозинство гласови од Комисијата за избор, која ја сочинуваат: Лабина Митевска (претседател), Наум Доксевски, Дејан Дуковски, Петар Богоевски, Роберт Јазаџиски, Мето Јовановски и Игор Василев-Новоградска (членови).

Инаку, филмот премиерно беше прикажан на 10 септември на отворањето на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола.

Неговата официјална премиера е закажана на 1 октомври во киното Милениум.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.