Филмот „Лазар“ со награда во Хрватска

0

Филмот „Лазар“ на македонскиот режисер Светозар Ристовски ја доби наградата на публиката „Златната врата на Пула“на 63. Пулски филмски фестивал.

Филмот „Од другата страна“ на хрватскиот режисер Зринко Огреста, пак е добитникот на престижната награда „Голема златна арена“ за најдобар филм на овој фестивал.

На ова фестивалско издание надвор од конкуренција беше прикажан и филмот „Ослободувањето на Скопје“ во режија на Раде Шербеџија, филмот кој ќе го отвори овогодинешното издание на ИФФК „Браќа Манаки“.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар