Филигрански денови во Скопје

0

Занаетчиската комора Скопје во соработка со „Скопје Сити Мол“ од денеска до осми мај 2016 ќе се одржат „Денови на филигранство“ каде ќе биде претставен и промовиран филигранскиот занает кој претставува дел од македонската традиција. Филигранскиот накит е спој на филигранските техники и вештини и дизајнот, спој на традиционалното и современото – уметничко дело кое ја отсликува нашата култура.

На „Деновите на филигранството“ ќе се презентираат многубројни изработувачи на накит од филигран, накит од монистра, полудраги и драги камења, оргонит.

Во склоп на тридневниот настан, „Деновите на филигранството“, заинтерeсираните посетители ќе имаат можност на лице место да видат како се изработува филигранот и да дознаат дел од тајните на овој познат и тежок занает.

 При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот