Fiat 500L – Растењето е Cool

0

Кога си мал и сладок, сите те обожаваат и сакаат да те шетаат, да те покажуваат и да уживаат во твоето друштво. Но, еден ден мора да се порасне и тогаш отвораш цел нов свет.

Така беше и со малиот Fiat 500, кој порасна и доби ново име – 500L. Истата убавина со нов стил. Големиот Fiat 500L е спој на генијалниот стил на Fiat 500 со функционалниот дизајн Made in Fiat. Дизајниран според концептот на ‘space efficiency’, 500L излегува од конвенционалниот сегмент благодарение на просторот за живеење на еден моноволуменец, на присуство на асфалтот на еден мал Crossover и ниво на ефикасност карактеристичен за компактен градски автомобил.

Ова е оригиналниот рецепт со кој Fiat 500L успеа да ги соедини карактеристиките својствени за повеќефункционален автомобил, алтернатива на традиционалните автомобили од сегментот B и C.

Што значи буквата“L”?

Буквата ‘ L’ претставува синтеза на тродимензионалноста на новото решение од Fiat.

13393097_10210210061995843_2058776780_n

Големина

L  како Large Тоа значи дека 500L е навистина поголем, за да ги соедини најголемите искуства од вашиот живот. И да ви даде повеќе простор, поголеми перформанси и повеќе стил. Fiat 500L удобно може да смести 5 патници со висина од 2 метри со нивните 5 патни торби без воопшто да се намали внатрешниот простор.

Изглед

 L како Look:  Го има за 333 вкусови. Дојде часот за избор на нијанси и бои: co 500L може да „излудите“ поради најшироката гама на бои во неговиот сегмент.

Светлина 

L  како Light : ве носиме далеку со малку.

Ниско ниво на емисии и на потрошувачки. Со иновативните мотори, бензински и дизел Multijet кој поминува 24 km co еден литар, се пулсирачкото срце на 500L.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот

13401030_10210210061915841_1991710560_n

Простор

L  како Loft , издигнат и просторен, со персонализирани и осветлени димензии. Со најголемиот стаклен покрив во категоријата– 1,5 m2 и стаклена површина од 360°  која гарантира најдобра видливост во сегментот.

Fiat 500L, со екстра простор за забава затоа што е способен да ги соедини малите задоволства со големите емоции и очекувања на животот:  децата, пријателите, патувањата, музиката.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот