Фестивалот на монодрама во Битола започнува на 4 мај

0

Оваа среда (4 мај), во Битола започнува Фестивалот на монодрама. Фестивалот ќе трае 7 дена, а вљубениците во театарот ќе имаат можност да погледнат 13 монодрами кои ќе се борат за престижната награда „Гран При”, како и неколку претстави кои ќе бидат изведени вон конкуренција.

На фестивалот учествуваат актери од повеќе земји меѓу кои Албанија, Србија, Македонија, Литванија, САД, Хрватска, Израел, Ерменија и Бугарија. Селектор на официјалната програма е актерот Петар Мирчевски.

Престижната награда ќе ја додели интернационалното жири во состав Нина Мазур, Иван Лео Лемо, Братислав Димитров, Билјана Крајчевска и претседателот Петар Темелковски. Фестивалот е во организација на Центар за култура Битола, а со поддршка на Министерството за култура.

Фетсивалот ќе го отвори претставата „Животот е прекрасен” на МНТ а во режија на Александар Морфов, а ќе го затвори „Случајот Хармс” на Театар Комедија во режија на Дино Мустафиќ.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот