Феноменот сродна душа

0

Според верувањата на грчката митологија, секој човек претставува дел од едно цело кое е одделено по раѓањето и во понатамошниот живот го бара останатиот дел од себе, својот сопатник. Дали оваа љубовна слика ја опишува и денешната љубов?

Феноменот „сродна душа“ и „љубов на прв поглед“ датира уште од античкото време, односно тоа е античка легенда. Сите сакаме да веруваме дека сме совршено поврзани со  партнерот на сите нивоа- спиритуално, физичко и емоционално дури и кога не е така.

Дали верувате во концептот „сродна душа“, или не, тоа зависи од вашето разбирање на истиот.

Но, што всушност е „сродна душа“?
Дали е некој што веднаш ќе ве привлече, некој без кој не можете да живеете, некој со кој се чувствувате удобно, со кој се поврзувате на повиско ниво, и некој што ви дава постојана среќа и мир?

download (1)

Постојат неколку работи кои го вообразуваат овој концепт за „сродна душа“, или пронаоѓање на „вистинскиот“ партнер, што доколку не ги промениме или воочиме може да не заглават во целото сценарио за нашиот љубовен живот.

Со креирање на помислата дека постои само еден „вистински“, се ограничуваме себе си и не се препуштаме на убавите нешта кои можат да се случат. Големата листа на „must have“ очекувања, или концепти што ги имаме за тоа како треба да изгледа и што треба да поседува нашето момче, е еднакво на тотален неуспех. Овој концепт во нашите глави не спречува да дадеме прилика на остварување на потенцијална врска која на крајот може да биде совршен погодок. Познатата реченица од типот „нема дечко за мене“, кај девојките е секојдневна, но тоа е бидејќи никои од тие момци не го носи името „совршен“.

slika2

Совршенството е илузија! Дури и „совршените“ љубовни врски имаат несогласувања. Но, неспособноста да излезете од концептот за „идеален“ партнер, ве ослободува од потрагата по истиот и си правите свој филм каде вие сте жртвата.

Уште еден концепт во замислата за вашата „сродна душа“ е тоа што очекувате од другата личност да ве исполни во целост. Секако, партнерот е дел од нашиот живот но среќата не зависи од тоа со кој сме, таа доаѓа од нашата внатрешност. Заборавете на реченицата „без тебе сум ништо“.

Зрелиот однос во врската е резултат на се. Доколку партнерите се подготвени да придонесат еднакво во врската, тогаш тоа е совршено. Кога настапуваат барања и очекувања тогаш врската оди во надолна линија. Тоа е резултат на погрешно сфаќање на љубовта.
Чувството на „не можам да живеам без него/неа“, не е знак ниту на љубов ниту пак на „сродна душа“, тоа е знак на самозадоволување. Задоволување на вашето его.
Вистинската љубов не не остава со „скршено“ срце. Тоа значи не добиени барања, очекувања и надеж.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.