„Феникс од пепелта” вечерва во Музеј на град Скопје

0

Денеска во 19 часот, во Музеј на град Скопје ќе се отвори изложбата „Феникс од пепелта. Уништувањето и обновата на Варшава 1939-1955“.

Изложбата содржи 36 паноа на кои што преку документарни фотографии и текст ќе може да се проследи историјата на градот Варшава низ следните периоди: Предвоен период (до 1939 г.), Воен период (1940-1945), Период на Бирото за обнова на Варшава и Социјалистичкиот период (повоена Варшава до 1955 г.). Изложбата завршува со панорама на Варшава денес.

Посетителите за време траењето на изложбата, ќе можат да проследат и документарен филм кој визуелно ќе ги запознае со содржината. Инаку оваа поставка ќе биде отворена до 5 февруари.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.