Фенг шуи правила – Kако да внесете позитивна енергија и мир во вашиот живот

0

Фенг шуи – „воздух-вода“ претставува древен кинески систем кој синтетизира повеќе учења, вештини и техники, со цел човекот да се врати или да се задржи во допир со природата.

Според древните верувања, ако посветиме доволно внимание во својот дом и го уредиме според одредени правила, ќе привлечеме храмонија и мир.
Фенг шуи е древна вештина за живеење и уредување на просторот, стара повеќе од 6000 години.

Според Фенг шуи, една од најважните простории во нашиот дом е спалната соба, таа ја содржи нашата енергија. Ако спалната соба има нестабилна, слаба или негативна енергија, тоа ќе се одрази и врз нашиот приватен живот.

Енергијата во спалната соба можете да ја исчистите со внесување на следните девет предмети, а овој број не е случаен бидејќи според Фенг шуи, симболизира транзиција, чекор кон подобро и означува нов почеток.

1. Кревет со големина 200×150см

Избегнувајте ги таканаречените „king size“ кревети. Големите кревети внесуваат раздор во спалната соба, наместо да ве зближат со партнерот, поради нивната големина, ја намалуваат блискоста помеѓу вас.

2. Дифузер за етерични масла

Освен тоа што одлично мирисаат, етеричните масла имаат и исцелителни дејства, по напорниот ден тие ве ослободуваат од стрес. Одберете масло кое вам ви одговара, а се препорачува масло со мирис на лаванда кое има смирувачко дејство и ви овозможува мирен сон.

3. Црн трумалин и чист кристал

Овие два минерали заедно овозможуваат баланс и заштита. Црниот турмалин ве смирува, ја чисти собата од електромагнетни сили кои влијаат на вашиот сон и здравје. Потребно е во секој агол од собата да ставите црн турмалин, а во средината на собата чист кристал.

4. Црн бележник и црвено пенкало

Кога ги запишувате вашите мисли создавате ред во вашиот живот, а запишувањето на вашите сонови, ќе ве инспирира и потикне на позитивни одлуки. Црната боја симболизира мудрост, додека црвената ве штити и ве инспирира.

5. Две парчиња розе кристал

Овој кристал привлекува љубов, хармонија и ја балансира вашата емотивна состојба.

6. Ткаенина за покривање на електронските уреди

Доколку во собата имате електронски уреди тогаш пожелно е тие да бидат прекриени со природна ткаенина во неутрална боја, бидејќи на тој начин се штитите од енергијата која негативно влијае на вашиот сон.

7. Зелено растение

Растението во вашиот простор ќе ја обнови енергијата. Растенијата се тивки исцелители на нашето тело и дух, кои заедно со нас ја делат позитивната енергија, создаваат кислород и ги впиваат штетните материи од водухот.

8. Цветна есенција

Кога не се чувствувате добро, нанесете цветен мирис на вашиот врат. На тој начин ќе се опуштите и релаксирате.

9. Две ноќни орманчиња

Без разлика дали моментално имате партнер или не, важно е да имате слободен простор покрај вашата глава. Со поставување на две ноќни орманчиња, ја искажувате желбата за создавање урамнотежена врска.

Извор: stil.kurir.rs

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.