Фенг шуи уредување: кое е значењето на вратата и ѕидовите во домот

0

Кинеската филозофија на уредување на домот фенг шуи им придава посебно значење на внатрешните детали. Секој елемент од собата е важен за вкупниот изглед во просторијата.

Вратата е симбол на пристапот кон надворешниот свет и на некој вид слобода. Таа е одбранбен штит кој помага да се создаде удобност во домот. Поправете ја вратата ако со неа нешто не е во ред: чкрипи или лошо се затвора.

Во спротивно, во собата ќе се поремети рамнотежата на енергијата и ќе истече чи – енергијата на животот.

Помеѓу вратите кои се наоѓаат една наспроти друга, морате да ставите бариера: маса или полица. Закачете го огледалото наспроти вратата, ако на влезот во просторијата не ја гледате целата соба.

Ако неколку врати се распоредени во низ, ставите лустери на долги кабли или полукружни маси.

Бојата на влезната врата

Црвената симболизира стабилност, кафената и жолтата боја укажуваат на семејна  хармонија. Во принцип вратата секогаш можете да ја пребојадисате. 

Тапети и ѕидови

Се верува дека тапетите се добра заштита на ѕидовите. Меѓутоа, тапетите на ѕидовите ја задржуваат негативна енергија во куќата. Складираната енергија потоа влијае на луѓето. За да не ве следи несреќа, тапетите треба почесто да ги менувате. Идеално е еднаш на 3-4 години. Хартиените тапети слабо ја инхибираат акумулираната енергија и потребно е да се менуваат секоја година. Винил тапетите се малку подобри. Фенг шуи верува дека тие се поотпорни на негативната енергија и имаат три години гаранција.

Уште подобра опција е насликаниот ѕид. Но, најидеална опција, според фенг шуи, е позадина која може да се мие, како плочките на пример.

Покрај изборот на квалитетни тапети важно е да се одбере и вистинската боја. Виолетовата ќе привлече богатство, сината добро расположение во работното опкружувањр. Белата означува раѓање, зелената, пак, придонесува за јакнење на односите во семејството.

При одбирањето на боите и премазите не треба да се раководите само од правилата во фенг шуи, туку и според своите лични чувства.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.