ФБИ со забрана за серијата „Досие икс“

0

Сценаристот и режисерот на култната серија „The X-Files“ (Досие Икс), Крис Картер во интервјуто за „Хафингтон Пост“ ги открива проблемите со кои се соочил уште на почеток на снимање на серијата, од страна на ФБИ.

Со оглед на фактот дека во серијата се работи за агенти (како карактери) од американското Федерално биро за истраги (ФБИ) , Картер рече дека фразата што се протега низ серијата “Вистината е таму некаде ” ( The truth is out there) , на многу начини е точнa.

„Уште на почетокот на снимање на серијата ми пријде еден наводно државен службеник кој работел за тајната владина агенција и ми рече дека сме многу блиску до вистината“, изјави режисерот за „Хафингтон Пост“ и додаде дека не дознал точно дали таа личност ја зборува вистина или не.

„Кога ја напишав пилот епизодата во 1993 година, стапив во контакт со ФБИ за да дојдам до некои информации кои може да ми бидат корисни. Иако беа многу пристојни, не ми излегоа во пресрет за тоа што го побарав. Одеднаш пред прикажувањето на епизодата стапија во контакт со мене за да прашаат кој сум јас и што правам.
Тогаш помислив дека цел проект ќе биде уништен“, вели во интервјуто Картер.

Тој додава, објаснувајќи дека сепак на крај луѓето од ФБИ биле многу пријатни и станале најредовните и најголемите обожаватели на серијата.

Специјалните агенти Молдер и Скали наскоро почнуваат со потрага по новата вистина, а од најновиот трејлер може да се заклучи дека новата сезона ќе биде интересна за гледање.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.