Фатална несоница – состојба опасна по здравјето

0

Постои состојба која се нарекува Фатална семејна несоница(FFI – лат.fatal familial insomnia). Шансите некој да се разболи се 1:30 милиони. Во историјата се забележани случаи каде луѓето не спиеле со месеци, а во некои случаи и повеќе. Се работи за болест каде се појавува мутација на гените што предизвикува пропаѓање на дел од мозокот, оној дел кој е одговорен за нашиот сон. Се создаваат протеини кои го уништуваат со своето таложење.

Стручњаците велат дека во светот има околу 30 семејства кои го носат овој ген, односно вкупната бројка е 70 луѓе. Обично симптомите се појавуваат во средните години од животот. Заради константоното неспиење, телото е под голем притисок и стрес, како последица на тоа се јавува висок крвен притисок, халуцинации, деменција и така натаму. Најстрашно е што лек се уште не пронајден.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.