Факти за Втората светска војна

0

Втората светска војна претставува најголемиот вооружен судир во историјата на човештвото кој официјално започнал на 1 септември 1939 година, а завршил на 2 септември 1945 година. Тоа воедно е и најсмртоносниот конфликт, а се претпоставува дека загинале од 50 до 70 милиони луѓе. Иако оттогаш се поминати повеќе од 70 години, постојат статистички податоци и други интересни факти кои се запрепастувачки.

-Првиот германски војник бил убиен од Јапонците.

-Во текот на оваа војна ширум Европа загинале најмалку 100.000 припадници на воздушните сили.

-Четири од пет германски војници кои загинале во војната настрадале на Источниот фронт.

-Полската бабица од католичка вероисповед Станислава Лешинска помогнала при пораѓањето на 3.000 бебиња за време на холокаустот во нацистичкиот логор Аушвиц.

-Само 20% од момчињата кои биле родени во Советскиот сојуз во 1923 година ја преживеале војната.

-За време на војната внукот на Адолф Хитлер служел во американската војска.

-Адолф Хитлер на својата работна маса имал врамена фотографија на Хенри Форд и обратно – Хенри Форд на својата работна маса имал врамена фотографија од Адолф Хитлер.

-Најголемиот ланец на шпиони бил лоциран во Мексико.

-Доколку било неопходно да биде фрлена уште една атомска бомба, таа би била фрлена врз Токио.

-Според пресметките, Втората светска војна зад себе оставила помеѓу 50 и 70 милиони жртви, а 80% од нив се од само четири земји – Кина, Русија, Германија и Полска.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот